- Генерален Enquirer

Philip Morris International

Фми Известување За Приватностa Во Врска Со Собирање На Податоци При Општи Контакти И Барања

Ние сериозно ја сфаќаме приватноста на податоците. Ова известување Ви кажува кои сме ние, кои Ваши информации ги собираме, и што правиме со нив. Кликнете на „дознајте повеќе“ во секој дел за дополнителни информации.

Кои сме ние?

Ние сме член на Филип Морис Интернатионал (Philip Morris International). Деталите за нас (име, адреса, итн.) Вам ќе Ви бидат дадени посебно во моментот на (или за потврда на) собирање на информациите за Вас, на пример, преку известување во апликација или на веб-страница или преку е-пошта, а којшто содржи врска што води до ова известување.

  • ФМИ: Philip Morris International (Филип Морис Интернатионал), водечка меѓународна тутунска групација. Составена е од извесен број компании или „Подружници“.
  • ФМИ подружници: Секој член на групацијата на компании Philip Morris International (Филип Морис Интернатионал) е „ФМИ Подружница“. „Ние“ (или „нас“ или „наш“) се однесува на ФМИ подружницата која прва собрала информации за Вас.
  • Производ на ФМИ: значи наш производ или на друга ФМИ Подружница.

Како собираме информации за Вас?

Информациите за Вас можеме да ги собереме на разни начини.

  • Вие може да нè обезбедите со информациите директно (на пример, кога ќе ги посетите нашите простории и кога ќе се претставите, кога ќе се регистрирате или кога ќе не повикате).
  • Ние може да собираме информации автоматски (на пр. кога користите апликација или веб-страница на ФМИ, преку видео надзор на влезовите во зградите, излезите и платформите за товарење).
  • Ние може да добиеме информации од трети лица (на пример од колеги, од Вашиот работодавач).

Во ова известување, сите начини на кои Вие стапувате во контакт со нас ние ги нарекуваме како „ФМИ пристапни точки“. ФМИ пристапните точки вклучуваат физички (продавници и настани), и дигитални (апликации и веб-страници).

Ние може да собираме информации кои Вие ни ги давате директно. Ова обично се случува кога Вие:

  • се потпишувате како член на наши бази со податоци (на пример доколку се регистрирате за прием на известувања преку е-пошта);
  • поставувате содржина на дигитална ФМИ пристапна точка;
  • нè контактирате преку ФМИ пристапна точка, или преку е-пошта и телефон; или
  • учествувате во истражувања на ФМИ.

 

Ние може да собираме информации за Вас автоматски. Ова обично се случува кога Вие:

  • комуницирате со нас (на пример преку телефон или ФМИ пристапна точка);
  • користите ФМИ пристапни точки (на пр. преку механизмите за следење во апликација или на веб-страница);

Ние исто така може да собираме информации за Вас и автоматски и преку користењето на колачиња и слични технологии за следење на дигитални ФМИ пристапни точки. Специфичните колачиња и технологии што се користат зависат од тоа за која ФМИ пристапна точка станува збор/зависат од конкретната ФМИ пристапна точка. За да дознаете за колачињата (вклучително колачињата на Гугл аналитикс) и слични технологии што се користат на пристапна точка, вклучително како може да ги прифатите или одбиете колачињата, Ве молиме видете го известувањето за колачиња кое е достапно на или преку таа пристапна точка.

Кога е законски дозволено, ние може да добиваме информации за Вас од трети лица. Ова може да вклучува информации кои се споделуваат меѓу ФМИ подружници.

Ние исто така може да собираме информации во други контексти кои во моментот на собирање Вам Ви стануваат очигледни.

Кои информации за Вас ние ги собираме?

Ние може да собираме различни видови информации за Вас:

  • информации за Вашите посети на нашите канцеларии, продажни места и настани
  • информации што ќе ни ги дадете во повиците што ги правите кон центрите за повици
  • информации кои ни ги давате кога поставувате содржини на пристапната точка со ФМИ
  • информации за Вашите параметри и интереси
  • информации потребни за да се потврдат Вашиот идентитет и возраст

Информациите што ги собираме од Вас директно ќе бидат очигледни од контекстот во кој Вие ги давате. На пример:

  • доколку ни испратите содржина на пристапната точка со ФМИ, Вие ни го давате Вашето име, корисничкото име, податоци за контакт, слика, локација, интереси и преференции;
  • Вие можеби ќе ни дадете информации за Вашата наклонетост и интерес за да можеме да го подобриме Вашиот впечаток кога не посетувате;
  • ние може да собираме информации кои ни овозможуваат да ги потврдиме Вашиот идентитет и возраст, на пример копија документот за идентификација или слика од Вашето лице.

    Информациите што ги собираме автоматски најчесто се однесуваат на:

  • детали за Вашата посета или повик (како на пример време и времетраење);
  • безбедносни информации создадени при Вашата посета на нашите простории (на пример преку снимките од видео надзорот и дневникот на посети на просториите);
  • Вашето користење на дигитални ФМИ пристапни точки (како веб-страниците кои ги посетувате, веб-страницата од која сте пристапиле, и веб-страницата на која сте отишле кога сте заминале, внесените термини за пребарување, или кликнатите врски во рамки на пристапната точка); и
  • Вашиот уред (како Вашата ИП-адреса или единствениот идентификатор на уредот, податоци за локацијата, детали за какви било колачиња кои ние можеби сме ги зачувале на Вашиот уред).

Информациите кои ги собираме од трети лица најчесто се однесуваат на јавно достапни информации собрани од Вашите колеги и работодавачи, на пример за Вашата планиррана посета на нашите канцеларии.

За какви цели ги користиме информациите за Вас, и врз каква правна основа?

Во овој дел, ги опишуваме целите за кои ги користиме личните податоци. Меѓутоа, ова е општо известување, и онаму каде што законите на една држава ограничуваат или забрануваат одредени активности опишани во ова известување, ние нема да ги користиме информациите за Вас за такви цели во таа држава.

Во зависност од горенаведеното, ние ги користиме информациите за Вас за следните цели:

  • за да Ви овозможиме користење на пристапни точки
  • за да Ве идентификуваме, со цел одржување на безбедност, кога ги посетувате нашите простории
  • за општа деловна администрација и поддршка на горе-наведеното, вклучувајќи управување со Вашите налози, oвозможување да ги користите ФМИ пристапните точки, за коресподенција со Вас, управување со Вашите состаноци со нас или поддршка за нашите производи и услуги, прилагодување на искуствата со пристапните точки со Вашите потреби, и администација и решавање на проблеми
  • за деловни анализи и подобрувања, вклучувајќи и подобрување на ФМИ производите, канцеларии, процеси, продажни места и настани
  • за други цели за кои Ве известуваме, или ќе бидат јасни од контекстот, во моментот кога информациите за Вас за првпат се собираат

    Правната основа за нашето користење на информации за Вас е едно од следниве (што го објаснуваме подетално во делот „дознајте повеќе“):

  • сообразност со правните обврски на кои сме подложни;
  • спроведување на договор во кој Вие сте една од странките;
  • легитимен деловен интерес што не може да го потисне/не го надгласува интересот кој Вие го имате за да ги заштитите информациите;
  • кога ништо од горенаведеното не е применливо, Вашата согласност (која ќе Ви ја побараме пред да ги обработиме информациите).

Целите за кои ние ги користиме информациите за Вас, со соодветните начини на собирање и правната основа за користење, се:

 Цел
 Начин на собирање и правна основа за Обработка

Oвозможување на користење на пристапни точки, информации за медиуми и известувања преку е-пошта

  • да Ви овозможиме користење на пристапните точки со ФМИ (на пример, да Ви овозможиме да останете пријавени во одделот на пристапната точка која е резервирана само за авторизирани корисници, управување со Вашиот избор на јазик на користење)
  • персонализирање на Вашето искуство со пристапните точки со ФМИ (на пример, да се персонализира Вашата посета, на пример со поздрави и предлози кои би можеле да Ве интересираат)
  • администрирање и решавање на проблеми

Toа е обично комбинација од информациите што ни ги давате (на пример, Вашето име и контакт и детали од социјалните мрежи); и информации коишто ги собираме автоматски (на пример, со користење на технологии за надгледување на користењето на пристапните точки со ФМИ).

Ги користиме по основа дека имаме оправдан деловен интерес да работиме користејќи ги пристапните точки, како и да го персонализираме Вашето искуство, на начините кои не се потиснати од Вашите интереси, права и слободи да ги заштитите информациите за Вас.

За да Ве идентификуваме, како и во безбедносни цели

  • при посетата на нашите простории, ние ги користиме информациите за Вас за да Ве идентификуваме и за да ја подобриме безбедноста на нашите простории 

Toа е обично комбинација од информациите што ни ги давате (на пример, Вашето име и контакт и детали кои служат за Ваша идентификација) и информации коишто ги собираме автоматски (на пример, со користење на технологии на видео надзор за надгледување на движењето во одредени делови од нашите простории).

Ги користиме по основа дека имаме оправдан интерес да Ве идентификуваме и да одржиме безбедност во нашите простории, на начините кои не се потиснати од Вашите интереси, права и слободи да ги заштитите информациите за Вас.

 

Деловна администрација

  • општ организациски менаџмент и водење на деловни книги
  • администрирање и водење на евиденција за посетителите
  • спроведување и водење на настани
  • коресподенција во врска со нашиот однос со Вас, вклучувајќи и справување со Вашите прашања и барања
  • управување со Вашите состаноци со нас
  • развој, имплементација и одржување на ИТ системи и управување со нив
  • одржување на безбедноста на системи, уреди и објекти
  • управување со базата со контакти и алатки за соработка
  • создавање на безбедна работна средина
  • одржување на безбедноста на персоналот, клиентите, добавувачите, посетителите поврзани субјекти со ФМИ, како и на нивниот имот 

Овие информации обично ни ги давате Вие директно или ги добиваме преку Вашиот работодавач.

Ги користиме бидејќи имаме легитимен деловен интерес да го водиме нашиот бизнис, да го уредуваме нашиот однос со Вас и да ја одржуваме безбедноста и интегритетот на нашите згради и ИТ системи, што не е потиснат од Вашите интереси, права и слободи да го ограничите користењето на информациите за Вас.

Безбедност и мониторинг на системите

  • контрола и дневници на докажување автентичност и пристап, каде што е применливо
  • мониторинг на ФМИ системи, уреди, интернет и е-пошта до кои Ви е одобрен пристап
  • мониторинг на пристапот во просториите на ФМИ, испораките до ФМИ подружници и процеси поврзани со безбедноста во нашите простории

Овие информации се собираат автоматски преку различни средства како автоматизирано набљудување на системи и уреди за мониторинг и аудио снимање во нашите простории.

Ги користиме бидејќи имаме легитимен деловен интерес да ја осигуриме доверливоста, интегритетот и безбедноста на нашата физичка и дигитална инфраструктура и просториите, што не е потиснато од Вашите интереси, права и слободи да ги заштитите информациите за Вас.

Бизнис аналитика и подобрувања

  • за бизнис аналитика и подобрувања (вклучително за производи на ФМИ, системи, процеси, канцеларии, продавници во кои се продаваат производи на ФМИ, обука, настани, дигитални ФМИ пристапни точки и информациите кои ние (или нашите подружници) ги обезбедуваме до Вас, Вашиот работодавач или нашите клиенти).

Ова обично е комбинација од информации кои ни ги давате Вие; информации кои ги собираме автоматски; и (кога законски е дозволено) информации кои ги добиваме од трети лица.

Ги користиме врз основа на тоа што имаме легитимен деловен интерес да ги анализираме и подобриме нашите деловни перформанси, нашите производи, системи, процеси, канцеларии, продавници, обуки, настани, ФМИ пристапни точки и информациите што ние ги обезбедуваме и да ги поканиме другите да се вклучат во промовирањето на производи на ФМИ, што не е потиснато од интересите, правата и слободите да ги заштитите информациите за Вас.


Онаму каде што употребата на информации за Вас не ја базираме врз една од горенаведените правни основи, ќе побараме Ваша согласност пред да ги обработиме информациите (овие случаи ќе бидат јасни од контекстот).

Во некои случаи, ние може да користиме информации за Вас на начини кои не се опишани погоре. Онаму каде што е така, ќе обезбедиме дополнително известување за приватност кое ја објаснува таквата употреба. Треба да прочитате било какво дополнително известување во врска со ова известување.

Со кого ги споделуваме информациите за Вас и за какви цели?

Ние може да ги споделиме информациите за Вас со:

  • ФМИ Подружници;
  • трети лица кои ги снабдуваат ФМИ Подружниците или Вас со производи или услуги, и
  • други трети лица, кога законски е побарано или дозволено.

Споделување на информации со други ФМИ Подружници

  • Информациите за Вас ќе бидат споделени со Philip Morris International Management SA (со седиште во Лозана, Швајцарија), кое е централно место за управување со обработката на лични податоци за Подружниците на ФМИ. Philip Morris International Management SA ги обработува информациите за Вас за сите цели опишани во ова известување.
  • Информациите за Вас може да се споделат со било која друга Подружница на ФМИ која е можеби вклучена во управување со просториите кои ги посетувате или настаните на кои присуствувате (на пример, доколку различни подружници се задолжени за различни аспекти на Вашата посета или настаните на кои присуствувате) со цел унапредување на Вашето искуство.

Детали за ФМИ Подружниците и земјите во кои тие се основани, се достапни тука.

Споделување на информации со трети страни

  • Ние можеме да споделуваме информации за Вас со трети лица, кои ги обезбедуваат Подружниците на ФМИ или Вас со производи или услуги (како што се советници, продавачи, даватели на информативни услуги и доставувачи на верификација на возраст).
  • Ние можеме да споделуваме информации за Вас со други трети страни, кога е тоа потребно или дозволено со закон, на пример: регулаторни тела; државни органи; како одговор на барање од органите за спроведување на законот или други државни службеници; кога сметаме дека обелоденувањето е неопходно или соодветно за да се спречи физичка штета или финансиска загуба или во врска со истрагата за сомнителна или вистинска незаконска активност; и во контекст на организациско преструктуирање.

Каде може да бидат испратени информациите за Вас?

Како и секоја мултинационална организација, ФМИ Подружниците ги пренесуваат информациите на глобално ниво. Според тоа, информациите за Вас може да бидат пренесени глобално (доколку Вашите информации се соберени во рамките на Европската економска област, тоа значи дека Вашите информации може да бидат пренесени надвор од неа).

Кога се користат информации како што е опишано во ова известување, информациите за Вас може да се пренесат во или надвор од земјата или територијата каде што информацијата е собрана, вклучувајќи и земји или територии што можеби немаат исти стандарди за заштита на податоците.

На пример, Подружниците на ФМИ во рамките на Европската Економска Област ("EEO") може да пренесат лични информации на Подружниците на ФМИ надвор од EEO. Во сите случаи, трансферот ќе биде:

  • врз основа на Одлуката за адекватност на Европската комисија;
  • предмет на соодветни заштитни мерки, на пример, Договори според моделот на ЕУ, или
  • неопходен за исполнување на обврските според договорот помеѓу Вас и нас (или спроведување на преддоговорни мерки преземени на Вашето барање) или за склучување или извршување на договор склучен за Ваш интерес меѓу нас и трета страна, како што е во однос на патување.

Во сите случаи, соодветни безбедносни мерки за заштита на личните податоци ќе се применуваат во тие земји или територии, во согласност со важечките закони за заштита на податоците.

Како ги заштитуваме информациите за Вас?

Ние применуваме соодветни технички и организациски мерки за да ги заштитиме личните информации што ги чуваме од неовластено разоткривање, користење, промена или уништување. Кога е соодветно, користиме енкрипција и други технологии кои можат да помогнат да се осигурат информациите кои ни ги давате. Исто така ние бараме од нашите даватели на услуги да ги исполнуваат строгите барања за приватност и сигурност на податоците.

Колку долго ќе се чуваат информациите за Вас?

Ние ќе ги задржиме информациите за Вас во временски период што е неопходен за исполнување на целите за кои биле собрани информациите. Потоа, ќе ги избришеме. Периодот може да биде различен во зависност од целите за кои биле собрани информациите. Ви напоменуваме, дека во некои околности, имате право да побарате од нас да ги избришеме информациите. Исто така, понекогаш ние сме правно обврзани да ги зачуваме информациите, на пример, за даночни и книговодствени цели.

Обично, ние ги задржуваме податоците врз основа на критериумите опишани во табелата подолу:

Тип Објаснување / типичен критериум за задржување
  • податоци од базата со податоци

Доколку сте се пријавиле за прием на известувања преку е-пошта (и слично) или за користење на дигитални ФМИ пристапни точки, повеќето информации за Вашиот профил се чуваат за времетраењето на периодот додека примате известувања, или додека ги користите дигиталните пристапни точки, или додека одговарате на нашата комуникација. Меѓутоа, некои елементи на Вашиот приофил, како што е историја на користење на дигиталните пристапни точки, природно стареат по одреден период, така да автоматски ги бришеме по дефинираниот период прилагоден на целта поради која сме ги собирале.

  • евиденција на посетители

Доколку ги посетувате нашите објекти, записите за посетителите обично се задржуваат неколку месеци.

  • видео надзор
 Доколку ги посетувате нашите згради, записите од видео надзорот обично се задржуваат за период од само неколку дена, до неколку недели, во зависност од специфичната намена за снимањето.
  •  дневници за ревизија на системот
 Дневниците за ревизија на системот обично се задржуваат во период од само неколку месеци.
  • бизнис анализа
 Податоците за анализа на бизнисот обично се собираат автоматски кога користите ФМИ пристапни точки и тие се анонимизираат / агрегираат кратко време потоа. 

Какви права и можности имате?

Вие може да ги имате некои или сите од следните права во однос на информациите за Вас кои ние ги чуваме:

  • да побарате од нас да Ви дадеме пристап до нив;
  • да побарате од нас да ги поправиме, да ги ажурираме, или да ги избришеме;
  • да побарате од нас да го ограничиме нивното користење, во одредени околности;
  • да ни приговорите за тоа како ги користиме, во одредени околности;
  • да ја повлечете Вашата согласност да ги користиме;
  • преносливост на податоците, во одредени околности;
  • да се откажете од тоа да ги користиме за директен маркетинг; и
  • да поднесете жалба до надзорниот орган во Вашата држава (доколку таков постои)

Ние Ви нудиме лесни начини да ги употребите овие права, како врските за „откажување“, или давајќи Ви адреса за контакт, во пораките што ги добивате.

Некои апликации за мобилни телефони може исто така да Ви праќаат пораки, на пример за нови производи или услуги. Вие може да ги оневозможите овие пораки преку прилагодувањата во Вашиот телефон или апликацијата.

Правата што ги имате зависат од законите на Вашата земја. Доколку сте во Европската Економска Област, ќе ги имате правата утврдени во табелата подолу. Доколку сте на друго место, можете да контактирате со нас (за да дознаете повеќе погледнете го делот "Кој треба да контактирате со прашања?" на крајот од ова известување) за да дознаете повеќе.

Право во однос на информациите што ги имаме за Вас
Дополнителни детали (забелешка: се применуваат одредени законски ограничувања за сите овие права)
    • да побарате од нас пристап до нив

Ова е потврда за:

  • дали обработуваме информации за Вас или не;
    • нашето име и податоци за контакт;
      • целта на обработката;
      • категориите на засегнатите информации;
    • категориите на лица со кои ги споделуваме информациите и, кога лицето е надвор од ЕЕО и не ги користи бенефициите од Одлуката за адекватност на Европската комисија, соодветни заштитни мерки за заштита на информациите;
    • (доколку го имаме) изворот на информациите, доколку информацијата не е собрана од Вас
      • (до степенот што го правиме ние, што би го одвлекло Вашето внимание) постоењето на автоматизирано донесување на одлуки, вклучувајќи и профилирање, кое произведува правни дејства кои се однесуваат на вас, или значително влијае на вас на сличен начин, и информации за вклучената логиката, како и значењето и предвидените последици од таквата обработка за Вас; и
    • критериуми за одредување на периодот во кој ќе ги чуваме информациите.
    На Вашето барање ќе Ви обезбедиме копија од информациите кои ги користиме за Вас (доколку тоа не влијае на правата и слободите на другите).
  • да побарате да ги преправиме или да ги ажурираме

Ова важи доколку информациите што ги имаме за Вас се неточни или нецелосни.

  • да побарате од нас да ги избришеме

Ова важи доколку:

  • информациите што ги поседуваме повеќе не се потребни во однос на целите за кои ние ги користиме
  • ги користиме информациите врз основа на Вашата согласност и Вие ја повлекувате Вашата согласност (во овој случај, ќе запомниме да не Ве контактираме повторно, освен доколку не кажете дека сакате да ги избришеме сите информации за Вас, во кој случај ќе ги почитуваме Вашите желби)
  • ги користиме информациите врз основа на законски интерес и откриваме дека, по Вашиот приговор, немаме одлучувачки интерес да продолжиме да го користиме;
  • информациите биле незаконски добиени или користени; или

да се усогласат со законска обврска

  • pedido de limitação do tratamento que realizamos

Este direito aplica-se temporariamente enquanto analisamos o seu caso, se:

  • contestar a exatidão das informações que usamos; ou
  • se tiver oposto ao nosso uso das informações com base num interesse legítimo

    (se exercer o seu direito nestes casos, comunicar-lhe-emos antes de voltarmos a usar as informações).

    Este direito também se aplica se:

  • o nosso uso for ilegal e se se opuser à eliminação dos dados; ou

já não precisarmos dos dados, mas sejam por si exigidos para iniciar um processo judicial.

  • pedido de oposição ao tratamento

Neste caso, tem dois direitos:

  • se tratarmos informações sobre si para marketing direto: pode “recusar” (sem necessidade de justificação) e atenderemos ao seu pedido; e
  • se tratarmos as informações sobre si com base num interesse legítimo para fins que não sejam de marketing direto, pode opor-se ao tratamento que fizermos para esses fins, explicando a sua situação particular e teremos em conta a sua objeção.

 

  • retirada do seu  consentimento ao nosso tratamento

Este direito aplica-se caso o fundamento jurídico no qual o tratamento se baseia seja o seu consentimento. Essas situações serão claramente evidenciadas pelo seu contexto. 

  • pedido de portabilidade dos dados

Se:

terá então o direito de receber os dados de volta num formato de uso comum, e o direito de nos exigir que transmitamos os dados a outra pessoa, se tal for tecnicamente viável.

Дополнителни укажувања за одредени држави

Во зависност од тоа во која држава се наоѓате, може да имате некои дополнителни права.

  • Доколку сте во Франција, имате право да ни дадете инструкции во врска со информациите што ги имаме за Вас во случај на смрт (конкретно, дали треба да ги зачуваме или избришеме, и дали други треба да имаат право да го видат). Можете да:
  1. издадете општи упатства до давателот на дигитални услуги регистриран кај францускиот надзорен орган за заштита на податоци (наречен "CNIL") (овие упатства се однесуваат на севкупната употреба на информации за вас); или
  2. ни дадете конкретни упатства кои се однесуваат само на нашата употреба на информации за Вас.

Вашите инструкции може да бараат од нас да пренесеме информации за Вас на трето лице (но онаму каде што информациите содржат информации за други, нашата обврска да ги почитуваме и нивните права на приватност може да значи дека не можеме да ги следиме Вашите инструкции на писмото). Можете да назначите трета страна да биде одговорна за обезбедување на Вашите инструкции. Доколку не именувате трета страна, на тој начин, наследниците (освен доколку не ги наведете поинаку во Вашите упатства) ќе имаат право да ги остваруваат своите права над информациите за Вас по Вашата смрт:

  1. со цел да го администрирате Вашиот имот (во случај кога Вашите наследници ќе можат да пристапат до информации за Вас, со цел да ги идентификуваат и да добијат информации кои би можеле да бидат корисни за администрирање на Вашиот имот, вклучувајќи ги и сите дигитални добра или податоци што би можеле да се сметаат за семејна меморија што може да се пренесе на Вашите наследници); и
  2. за да осигурите дека страните што користат информации за Вас ја земаат предвид Вашата смрт (како што е затворање на Вашата сметка и ограничување на употребата или ажурирање на информации за Вас).

Можете да ги дополнувате или повлекувате Вашите инструкции во секое време. За повеќе информации за обработката на информации за Вас во случај на смрт, видете го член 40-1 од законот 78-17 од 6.1.1978 година. При настап на смрт, по правило, ќе престане да се користи Вашата сметка и ние ќе ги избришеме информации за вас во согласност со нашите политики за задржување (видете го делот „Колку долго ќе се чуваат информациите за Вас?“ за детали).

На кого треба да му се обратите со прашања?

Доколку имате некакви прашања, или сакате да примените какво било Ваше право, можете да ги најдете деталите за контакт за релевантните ФМИ Подружници, и доколку е применливо, службеникот за заштита на податоци, тука. Деталите за контакт исто така ќе Ви бидат дадени во кои било комуникации што Ви ги испраќа ФМИ подружница.

Доколку во Вашата држава постои орган за заштита на податоци, Вие имате право да го контактирате за какви било прашања или грижи. Доколку релевантниот ФМИ Подружница не може да ги разреши Вашите прашања или грижи, Вие исто така имате право да побарате правен лек од национален суд.

Промени во ова известување

Ние можеме да го ажурираме ова известување (и сите дополнителни известувања за приватноста), одвреме-навреме. Ние ќе Ве известиме за промените кога законот ќе го побара тоа.